Танц на полуматурантите во Гази Баба – „Од полуматура до танц култура“

Од:

Под мотото „Од полуматура до танц култура“ општина Гази Баба заедно со студиото за танц Еурека го организираа за прв пат танцот на полуматураните, одбележувајќи го крајот на нивното основно образование. Овој танц ќе биде една нова традиција на која учениците ќе играат и ќе се дружат, праќајќи порака дека мултиетничкиот живот е нашата иднина.

Повеќе од 600 ученици од сите основни училишта земаа учество на првиот танц на полуматурантите. Плоштадот во Автокоманда никогаш не бил поубав, по разигран исполнет со млади насмеани лица.

Пред полуматурантите се обрати и градоначалникот Георгиевски кој ја отвори манифестацијата.

„За вас сум тука во секоја прилика, спремен на секоја ваша потреба да излезам во пресрет. Сакам за вас да создадеме една модерна општина која ќе даде шанса на секој, општина која своите млади ќе ги чува тука дома.“ истакна градоначалникот во своето обраќање.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Изгаснат е пожарот во Трубарево кој со денови ги труеше жителите на Гази Баба и на Аеродром

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал 11 куршуми кон познаник и кон неговата сопруга