Форум за регулатива за ангел инвеститори

Од:

Форум 2018 – Потенцијал на регулатива за ангел инвеститори ќе се одржи денеска во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).

Високи претставници од Владата, претставници на деловната заедница, домашни и странски експерти, академици и професори ќе дискутираат за можностите и потенцијалот за воспоставување регулатива за ангел инвеститори во Македонија со цел привлекување и зголемување на бројот на инвестициите, неопходни за раст и севкупен економски развој.

Во фокус на дискусиите ќе бидат постојната законска регулатива во Европа и светот, глобалните трендови и моделот на регулирање ангел инвеститори на глобално ниво.

Преку интерактивна дискусија ќе се формират заклучоци за подигнување на свеста за различните модели на инвестирање.

Настанот е под покровителство на Кабинетот на министерот за регулатива за подобрување на инвестициската клима Зоран Шапуриќ, а најавени се негово и обраќања на претседателот на МАНУ Таки Фити, на претседателот на ССК Данела Арсовска, како и на професрот Леонид Наков од Економскиот факултет во Скопје.

Би можело да ве интересира

Ангелоски: Очекуваме што е можно побрзо Владата да ги договори условите за унгарскиот кредит

ССК: Кинескиот пазар стратешка цел за извозот на македонската храна и вино

ССК: Со данокот на солидарност опфатени иновативните, успешни компании, а не и банките кои остваруваат огромни профити

Ангелоски: Секое замрзнување на цените има консеквенци, ние преферираме слободен пазар

Ана Ололовска

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Сојузот на стопански комори 18 години репрезентативен глас на македонскиот бизнис

Ана Ололовска