ВМРО-ДПМНЕ: Здравството тоне, а пациентите го плаќаат тоа со своето здравје и живот

Од:

„СДСМ е болест за здравството. Здравството тоне, а пациентите го плаќаат тоа со своето здравје и живот.

Владата е целосно безидејна и нема ниту еден проект во областа на здравството. Но, затоа е успешна и е во преземање, односно крадење на проектите во областа на здравството од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ и по повеќе од една година само се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ.

Стратегија за превенција на оралните заболувања кај деца од нула до 14-годишна возраст, проект на ВМРО-ДПМНЕ со која беа опфатени 93% од децата до 14 годишна возраст во перидот од 2007 до 2017 година покажа одлични резултати. Просекот на заби со кариес кај децата во 2007 година, изнесувал 6.8 проценти , а во 2017 година е намален на 1.9 проценти. Ова го призна и самиот Филипче.

Оваа мерка како и најголемиот број од мерките имплементирани од ВМРО-ДПМНЕ, како во здравството, така и во сите други општествени сфери дава одлични резултати за граѓаните, од областа на здравствената заштита.

Венко Филипче и СДСМ ги признаа и потврдија успешните политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во здравството и здравствената заштита. Филипче и СДСМ денес покажаа дека оваа Влада нема ништо сработено од областа на здравството, па мора да се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Мицкоски ќе прифти се што бараат СДСМ и Левица за Изборниот законик, ама дијаспорта не ја дава

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он

ВИДЕО: И СДСМ ќе го блокира Изборниот законик, Филипче вели дека отвора врата за изборна кражба

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање