Распишан конкурсот за упис на студенти на Штипскиот универзитет „Гоце Делев“

Од:

Распишан е конкурсот за упис на студенти на Универзитетот „Гоце Делечв“ – Штип објави на денешната прес-конференција ректорот Блажо Боев.

Според конкурсот идните студенти можат да се запишат на еден од 15 факултети и академии, а на кои слободни места има за 5.037 бруцоши. Од нив 3.078 се редовни студенти во државна квота, 1.064 се со кофинансирање и 895 места се предвидени за вонредни студенти.

– Генерално на сите универзитети во Република Македонија бројот е поголем од оној за кој се аплицира. Се надевам дека ланските бројки од 2 000 до 2 200 студенти ќе биде за нас разумна бројка, вели Боев.

Поголеми измени во наставните програми на факултетите и академиите на Штипскиот универзитет нема, единствено во програмата на Филмската академија во делот на модерен танц, на македонски и на англиски јазик е новината која што ја има Штипскиот универзитет.

Ректорот Боев истакна дека е добра можност за идните академски граѓани кои за својата професија ќе изберат некој од техничките факултети се стипендиите кои им ги овозможуваат неколку компании.

– На веб страницата на УГД на Универзитетот „Гоце Делчев“ може да се видат поголем број понуди добиени од стопански субјекти, како што се ЕЛЕМ, рудниците Саса и Бучим и слично кои имаат објавено стипендии за одредени технички факултети, рече Боев.

Првиот уписен рок на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип е на 29,30 и 31 август и 3 септември, по што следуваат вториот и третиот уписен рок за упис на студенти во академската 2018/2019 година. Согласно измените во Законот за високо обрзование академската година ќе започне на 1 октомври.

Би можело да ве интересира

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Притворен е раководител на образовен центар во Штип, допираше по телото ученички

Горан Наумовски

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан во Штип

ВИДЕО: Вандализирано најголемото штипско училиште „Ванчо Прќе“, наставата прекината

Катерина Ѓуровски