Протести во Грција за „грчкиот карактер на Македонија“

Од:

Пораката дека Македонија е една и грчка, планираат да ја испратат граѓаните кои денеска ќе учествуваат на протестите за „грчкиот карактер на Македонија“ што организирано и паралелно ќе се одржат во 13 градови од Северна Грција, според изјавите на организаторите за грчките медиуми. Тие ги повикуваат Грците, без партиски, но со грчки знамиња масовно да учествуваат во демонстрациите.

Вечер, во 19.30 часот, „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“, организира протести во Пела, Кавала, Драма, Серес, Кукуш, Поликастро, Воден, Лерин, Костур, Птолемаида, Катерини, Лагадас и туристичкото место Неа Мудања на Халкидики.

Според грчките медиуми, независно од Комитетот, и во осум други градови низ Грција, самоиницијативно ќе се одржат протести.

Во многу градови, јавува дописничката на МИА од Атина, демонстрациите се поддржани од локалната самоуправа, од градоначалниците, но и од митрополитите, а планиран е и организиран превоз од села и градови до плоштадите каде што ќе се одржат протестите.

Како што во веќе објави МИА, организаторите преку овие протести „ќе се обидат да ги потсетат политичарите во земјата дека грчкиот народ донел одлука во врска со името“.

Неофицијално, во грчките медиуми се споменува дека доколку се постигне договор, на денот кога ќе треба да се гласа во грчкиот Парламент, ќе се организира голем протест во центарот на Атина.

Коментирајќи ги протестите, владиниот портпарол и министер без ресор на Грција, во интервју за радиото 247, рече дека „владата го признава светото право на граѓаните да се мобилизираат, да протестираат, да го изразат нивното несогласување, резервираност и отфрлање на владината политика“, но додаде дека земјата има национална линија од 2008.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција