Хуманитарна акција во Струмица за собирање храна за сиромашните

Од:

Здружението „Љубезност“ од Скопје денеска во Струмица на три локации организираше хумантирна акција за собирање храна и помош за сиромашните.

Од Здружението информираат дека се задоволни од одѕивот на граѓаните, кои дел од своите купени производи оставаа на пунктовите за собирање храна.

– Целта е заеднички да им помогнеме на социјално загрозените семејства и на бездомните семејства, кои се наши корисници на услуги, но и да им помогнеме во покривањето на нивните потреби, рече Тони Станковски, претседател на Здружението „Љубезност“.

Тој изнесе статистички податоци од 2016 година, според кои околу 21 проценти од населението во Македонија се во ризик од сиромаштија, односно категорија на граѓани кои не можат да си обезбедат еден, два или три оброци во текот на денот.

Според Станковски, потребна е поголема ангажираност на здруженијата, но и на иснтитуциите со цел овој број на граѓани да почне да се намалува.

Би можело да ве интересира

Јанков: Масовно излезете на 19 октомври и заокружете го бројот 9 за историска победа во Струмица

Пијанманова: Време е за нови, борбени луѓе во советот

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори

Николоски: Огромна победа во Струмица! Енергија за голема промена

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија