Почна асфалтирање на дел од патот кон штипското село Почивало

Од:

Почна асфалтирањето на локалниот пат меѓу штипските села Шашаварлија и Почивало. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, кој денеска изврши увид на градежните работи, вели дека станува збор за асфалтирање на делница од еден километар, чија вредност е 5.897.640 денари.

– Ова значи дека жителите на овие населени места ќе имаат пристојни услови за живот, ќе донесеме патна инфраструктура до нивните домови. Но, ова е многу важно и за сите жители на општина Штип, коишто кога ќе се изгради инфраструктурата, ќе имаат можност почесто и поредовно да патуваат и да го посетуваат овој убав предел од нашата општина. Вредноста на овој проект е околу 5.900.000 денари и се работи за локален пат од еден километар. После завршувањето на оваа делница, ќе бараме средства и ќе проектираме продолжување на делницата кон село Кошево и село Почивало, рече Бочварски.

Тој истакна дека со изградбата на инфаструктурата локалната власт придонесува за рамномерен регионален развој на територија на општина Штип.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“