Јапонската компанија Шарп најавиј дека ќе го купи веќе замреното одделение за производство на персонални компјутери на Тошиба за 36 милиони долари.
Тошиба се повлече од овој сегмент на бизнисот пред осум години. Фоксон го купи Шарп во 2016 година, за 3,5 милијарди долари, и оттогаш компанијата располага со нови ресурси за навлегување на пазарот на информатичката технологија.
Освен планот за обновување на компјутерскиот бренд на Тошиба, Шарп најави дека со помош на Фокскон ќе издаде и 1,8 милијарди нови обврзници, за да ја консолидира сопственоста врз компанијата.