Одбележана годишнината од загинувањето на бранителот Кољо Китанов

Од:

Пред споменикот на загинатите бранители од конфликтот во 2001 година во Струмица, денеска беше одбележана 17-годишнината од загинувањето на најмладиот бранител, Кољо Китанов.

За него говореше началникот на СВР Струмица, Танчо Пројковски, кој истакна дека бранителот Китанов загина во заседа на патот Шипковица-Гајре на возраст од 19 години.

– Поминаа 17 години, но болката во срцата се уште пече и тлее и никако да стивне. Затоа да не дозволиме повеќе да се повторат овие настани, рече началникот на СВР Струмица.

Пред споменикот на загинатите бранители цвеќе положија членови на семејството на Китанов, градоначалниците на Струмица и Босилово, претставници на СВР Струмица и граѓани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите