Новороденчињата на Клиниката за гинекологија бесплатно ќе добиваат пелени

Од:

Новороденчињата на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство ќе добиваат бесплатно пелени и влажни марамчиња, што досега ги купуваа нивните родители.

Пелените и влажните мармчиња ќе ги донира компанијата „Бора“ која денеска ја официјализираше соработката со ГАК.

– Со производите на „Бора“ ќе се грижиме за најмалите, но посебно важно е дека ќе се надмине досегашната пракса родителите сами да купуваат пелени за своите новороденчиња така што ова ќе го релаксира овој дополнителен трошок којшто го имаа родителите, истакна портпаролката на Клиниката Драгана Букилица.

Претставникот на компанијата „Бора“, Дарко Трајковски посочи дека за нив е најважно здравјето и грижата на најмалите и оти нивните производи совршено се поклопуваат со потребите на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Компанијата „Бора“ ќе додели донација i за здружението за еднородни семејни заедници „Една може“.

Би можело да ве интересира

ГАК со нов лик: Завршена реконструкцијата, над 4.000 бебиња родени годинава

Комисијата утврди: Реанимацијата на починатото новороденче на ГАК била спроведена по протокол

ГАК: Нема физички повреди кај новороденчето, смртта настапила поради незрелост на белите дробови

Горан Наумовски

Левица: Прикриената смрт на новороденчето на ГАК аларм за колапс на здравството

Горан Наумовски

Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на ГАК

Викторија Јовановска останува директорка на Клиниката за Гинекологија

A1on