Мавраганис: Независни Грци нема да гласаат за договор со сложено име

Од:

Скопје денес е мала државичка, но утре не се знае, е еден од аргументите на заменик министерот за транспорт и врски на Грција, Никос Мавраганис, зошто партијата во која што членува, Независни Грци, останува на позицијата против сложено име со терминот Македонија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во интервју за радиото „Практорио фм“ на грчката новинска агенција АНА-МПА, Маврајанис го повторува ставот дека партијата – коалициски партнер во владата нема да го поддржи евентуалниот договор.

– Јасно кажуваме дека нема да прифатиме никакво име со придавка на Македонија. Ова не е опсесија со името, туку е резултат на нашата длабока убеденост за кој било иредентизам од страна на Скопје, што денеска може да е мала државичка, но утре никој не знае во чии рамки и во која земја ќе се најде или каква државност ќе добие или кои би можеле ова да го искористат, бидејќи во 44-та или во 50-те или во 60-те никој не очекуваше ваква разврска на прашањето и поради тоа инсистираме на нашата позиција дека нема да гласаме за таков договор, вели Мавраганис.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција