Богдановиќ: Целосно ја изразувам својата свесност за потребата од соработка со граѓански организации

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ денеска присуствуваше на конференција од Проектот „Мрежа 23 +“ организирана од Институтот за Европска политика Скопје во соработка Хелсиншки комитет за човекови права, а поддржана од општина Центар, со цел да се поттикне дијалог за решение во областите од поглавје 23.

„Како Градоначалник на централната општина во Скопје целосно ја изразувам својата свесност за потребата од соработка со граѓански организации, поддршка на истите, особено во однос на пристапувањето во Европската Унија.

– Преку овие соработки со граѓанските организации, општините на ваков начин ги градат своите капацитети кои понатаму резултираат со значителна способност за полесно преземање на обврските кои произлегуваат од членството во ЕУ. Граѓаните се повеќе ја препознаваат улогата на локалната власт, особено во смисла дека таа на некој начин може да се смета и како поблиска до граѓаните, а е особено важна за директно влијание и подобрување на квалитетот на нивниот живот. На овој начин може да се влијае и да им се пренесат пораки за бенефитите од членството во Европската Унија и да се презентираат пораки со цел да можат да ги препознаат придобивките. Ова особено што општината најчесто е првиот сервис на граѓаните преку кој тие можат да ги остварат своите права.

– Ќе се осмелам да зборувам во име на моите сограѓаните. Сметам дека на нас како општина ни е особено драго што можеме да научиме од примерите на другите земји кои веќе пристапиле кон ЕУ и кои веќе ги уживаат и живеат придобивките од припадност кон Унијата“, рече градоначалникот Богдановиќ.

Општина Центар на различни начини ја изразува поддршката за собирање на регионалните искуства од процесот на пристапување, а ова денес секако е еден од тие начини и во иднина ќе продолжи да дава поддршка на невладиниот сектор и ќе придонесува кон креирање потранспарентно и поинклузивно општество за сите граѓани.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории