Приведени странски државјанки во угостителски објекти во Сараќино и Тетово

Од:

Во акциски контроли на полицијата спроведени ноќеска во угостителски објекти во село Сараќино и Тетово се затекнати и приведени странски државјанки од Србија, Црна Гора и Албанија за злоупотреба на туристички престој и нелегално работење.

Во угостителскиот објект во Сараќино, сопственост на А.М. (36) биле затекнати осум женски лица од кои две државјанки на Македонија, четири од Србија, една од Црна Гора и една од Албанија. Во угостителскиот објект во Тетово, сопственост на М.Б. (37), биле затекнати 10 лица, од кои шест се државјанки на Македонија, две женски лица од Србија и две лица-гости од Албанија.

– Поради злоупотреба на туристичкиот престој и нелегална работа сите странски државјанки, како и двајцата гости од Албанија, биле приведени во Полициската станица Тетово, по што биле предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово за понатамошна постапка, информира Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ