ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се спротивставија на криминалите на Зоран Заев

Од:

„Граѓаните на Република Македонија се охрабрија, излегоа и се спротивставија на криминалите на Зоран Заев и неговиот картел на власт.

Граѓаните кажаа НЕ за криминалните политики на Заев и картелот. НЕ за „едно евро за Вицето“. НЕ за сомнителни зделки како купувањето на гигантот „Герас Цунев“, по цена од обична гарсониера. НЕ на доделувањето тендери во „РЕК Битола“ или концесии за бизниси со марихуана или ископ на глина.

Граѓаните му порачаа на Заев доста е со политичкиот терор и тортурата врз невини граѓани. Граѓаните порачаа, доста е од уривање на достоинството и продажбата на државните и националните интереси.

Додека Заев и неговиот картел на власт стануваат се побогати, граѓаните се се посиромашни. Македонските граѓани со секој изминат ден живеат се полошо. Ништо од тоа што им беше ветувано пред изборите не е исполнето. Се што добија во оваа година се лажни ветувања и лажни надежи, прокоцкани шанси, нула економија и ниту една реализирана капитална инвестиција.

Нема 500 евра минимална плата, земјоделците немаат повисоки субвенции, пензионерите немаат повисоки пензии, нема поврат на 15% ДДВ, нема социјална помош од 12.000 денари а нема ниту 600 километри нов автопат. Здравството е руинирано, болниците пропаѓаат, образованието е во слободен пад, универзитетите на дното на листите за квалитет, а младите се излажани и разочарани. Не само што никој не се враќа во Македонија, туку се повеќе заминуваат.

Државата мора да се врати на вистинскиот пат. Мора да се стави крај на криминалот, неработењето, тонењето на државата, стагнација на економијата и злоупотребата на институциите. Република Македонија и граѓаните заслужуваат промени, подобар и поквалитетен живот, заслужуваат сигурна и безбедна иднина за себе и идните генерации.

Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори заедно со претседателските, техничка влада 100 дена пред избори и претседател на ДИК по предлог на опозицијата. Само така ќе се креираат еднакви услови за фер избори.

Државата не смее повеќе да биде во заложништво на Заев и неговиот картел. Република Македонија мора да оди напред. Граѓаните ќе стават крај на ова криминално и неспособно владеење. Република Македонија заслужува подобро, граѓаните заслужуваат подобро“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Огромни суми на пари од продажбата на јаглен на ЕСМ завршувале на сметки на фирми на Заев, а кои имаат тесна врска со Филипче

СДСМ обвинува: ВМРО-ДПМНЕ вработува 50 свои луѓе во РЕК Осломеј

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Зошто од истрагата е изоставен Томо Донев кој до несреќата повеќе од една година е началник за криминалистички работи во Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: Во Здравство знаеле дека договорот и анексот на Филипче се криминални, одбивале да ги потпишат

Не помина предлогот на Апасиев за надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани

ДУИ: Изградбата на над 150 дивоградби во Чаир не е само урбан криминал, туку и политички притисок врз челниците на партиите миленици на Мицкоски