(ВИДЕО) Китев: Само фер парламентарни избори ќе ги искупат за 24 декември

Од:

Цел месец помина од кога се случија настаните на 24, а власта глуми незаинтересираност.
Што всушност ние повикуваме и што всушност ние бараме како опозиција во овие месец дена почитувани мои сограѓани?

Нашето единствено суверено право кои што го имаат нашите избрани пратеници, опозиционите пратеници избрани од сите нас од овој народ единствено бараа сите заедно да учествуваме во распределба на буџетските пари, да се сопре, да прекине ненормалното невиденото досега трошење на народни пари за луксузирања и за непотребни трошоци кои што сами ги наметнаа.

Ако во исто време можат и знаат да обезбедат пари и за врбите во Вардар, и за морскиот песок, и за спомениците, и за гаќите на Прометеј тогаш во исто време треба да најдат пари и за лозарите во Кавадарци, и за стечајците и за сиромашните во цела Македонија.

kavadarci

И што се случи, наместо расправа во парламентот, наместо дијалог онака како што е парламентот замислен во секоја една нормална демократска држава, ние имаме брутално исфрлање на опозиционите пратеници и изнесување на новинарите од собраниската галерија.
Секаде парламентот во секоја држава е замислен како храм на демократијата, а тие во Македонија од храм на демократијата, го претворија во срам на демократијата.

Сакам јавно да ве потсетам и да ве прашам – дали се сеќавате во овие 20 години политички плурализам од првата експертска влада до последната влада во 2006 година на СДСМ, постои ли Премиер, постои ли Министер за внатрешни работи, постои ли Претседател на Собрание кој што на ваков начин се пресметувал со опозицијата? НЕ, единствено оваа актуелна власт која преку својата режимска политика сака да ја задржи власта се обиде и она малку демократско што остана да го изгубиме во Македонија.

otpor kavadarci

Токму затоа овие протести, овие собири низ Македонија ги организираме за да му порачаме, да му посакаме едноставно да разберат дека ова што го направија на 24 декември единствено може да се разреши на предвремени и фер демократски парламентарни избори.

Почитувани мои сограѓани, драги кавадарчани, во исто време што ни се случува? Имате исфрлени новинари; изнесени на брутален начин пратеници од собраниската сала; упропастени лозари и заборавени стечајци. Зошто се случува сето тоа? На кого му требаше овој циркус, каква порака пративме до целиот свет? Сите не осознаа како недемократска држава а згора на тоа внатре односите во Македонија се закрвија помеѓу македонците и помеѓу сите етнички заедници.

Токму затоа ги повикуваме на разум, ги повикуваме на дијалог да седнат и да сватат дека она што го направија на тој црн понеделник единствено може да ги испери со чесни фер и демократски предвремени парламентарни избори на кои што фер и демократски ќе ја напуштат власта.

Затоа ве охрабрувам, ве повикувам да не се плашите затоа што само ако се уплашиме ќе имаат аргументи, ова што го почнавме ќе го тераме до крај до самиот крај а тоа значи до самата победа, и оние кои што се вечерва присутни од СДСМ тука и тие од ВМРО-НП, и од ДОСТОИНСТВО, и од ЛИБЕРАЛИТЕ, и од ЛДП, и од НСДП и сите кои оние што ја сочинуваат опозиционата коалиција имаат една единствена цел, во Македонија повторно да се врати демократијата, да се возобнови слободата а Кавадарци да има просперитет и да е град кој што ќе има силен економски и индустриски развој.

Токму затоа ве повикувам да издржиме заедно сите во оваа битка и ве уверувам следните избори победуваме сите заедно, за Кавадарци за кавдарчани, за демократско Кавадарци и да ни е вечна Македонија, рече Бетиан Китев кандидат за градоначалник на опозицијата за Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

(ВИДЕО) Протест во Нови Сад, градот е полн со полиција