Општина Крива Паланка потпиша договор за збратимување со Перечин, Република Украина

Од:

Делегација од општина Крива Паланка предводена од градоначалникот Борјанчо Мицевски, оствари официјална посета на општина Перечин, Република Украина, каде беше потпишан договор за збратимување помеѓу двете општини.

Од локалната самоуправа на Крива Паланка информираат дека посетата е остварена по првични контакти направени на иницијатива на Украинската амбасадорка во Македонија, а домаќин на делегацијата беше градоначалникот на Перечин, Иван Погорељук.

– Договорот беше потпишан од страна на двајцата градоначалници на официјална церемонија во рамки на прославата по повод патрониот празник на Перечин, на која присуствуваа голем број учесници и гости од целата Задкарпатска област, информираат од кабинетот на Мицевски.

Во обраќањето пред граѓаните на Перечин Мицевски се осврнал на основните постулати во Договорот за збратимување помеѓу двете општини за градење и унапредување на взаемните односи, размена на искуства и широка соработка на полето на културата, економијата, младите и спортот, како и подготовка и аплицирање на заеднички проекти и нивно финансирање од фондовите кои се достапни на двете општини.

Делегација од општина Крива Паланка на крајот на мај остварила официјални посети и на општина Свидник во Република Словачка и Вршац во Република Србија, по повод чествување на денот на општините, а на средбите се разговарало за унапредување на односите и продлабочување на соработката на повеќе нивоа и во различни области, пред се на полето на културата.

Би можело да ве интересира

Филипче: Сашко Митовски ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Горан Наумовски

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи државата и ја заборави Крива Паланка

(ВИДЕО) Го врза кучето и го влечеше од автомобилот – кривична за 23 годишник од Крива Паланка

А1он

Тројца насилници од тераса турнале познаник

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори