Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на „Ролан Гарос“.
Ѓоковиќ по три одиграни сета со 3:0 (6:3, 6:4, 6:2) успеа да го совлада шпанскиот тенисер Фернандо Вердаско.
Српскиот тенисер против Вердаско релативно лесно победи и прикажа сигурна игра, што наговестува дека се враќа во старата препознатлива форма.
За Ѓоковиќ ова е деветто четвртфинале во низа на „Ролан Гарос“.