А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Мицкоски продолжува прецизно по патот на Груевски

by А1он03/06/2018 - 11:2103/06/2018 - 12:04104
Share0

„Како партија која што 11 години ја пустошеше Македонија и ги осиромашуваше граѓаните, додека нејзините челници грабаа се што можеа да грабнат, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нема никаква разлика во нејзиното однесување и делување.
ВМРО-ДПМНЕ е со исти манири на потценување на граѓаните, на нивната свест и совест.

Добивај вести на вибер

Што и да зборува и со какви лаги да се служи, во колективната меморија на сите граѓани на Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ ќе остане симбол за криминал, расипништво, корупција, осиромашување на граѓаните и оддалечување на земјата од европските вредности.

Нема никаква разлика – Мицкоски продолжува прецизно по патот на Груевски и за жал повторно одбива да им се извини на граѓаните за пустошeњето што ВМРО-ДПМНЕ го вршеше врз Македонија цели 11 години.

После изгубени 11 години, Македонија нема време за губење. Граѓаните немаат уште еден живот да му го доверат на некој нов Никола Груевски, со кого еднаш веќе расчистија.

Заветот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се поделбите и минатото. Македонија има само еден завет, а тоа е просперитетна иднина, економски раст и членство во ЕУ и НАТО“, се вели реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Горан Наумовски24/03/2026 - 11:52

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:22

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:36

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:0617/03/2026 - 17:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен