Македонскиот тенисер Томислав Јотовски беше елиминиран во полуфиналето на турнирот во Кисељак, Босна и Херцеговина, откако го предаде натпреварот против словенечкиот тенисер Том Кочевар-Дешман.
Првиот сет му припадна на словенечкиот тенисер, а Јотовски се откажа во вториот сет при резултат 0:3 за противникот.
Македонскиот тенисер заради болки во раката не можеше да го продолжи натпреварот.
Јотовски беше втор носител на овој турнир со награден фонд од 15.000 долари.