А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Се бара начин за отварање на штипскиот Градски базен

by А1он01/06/2018 - 16:36244
Share0

Штипскиот градоначалник, Благој Бочварски понуди решение за активирање на Градскиот базен, во текот на летните горештини. Тој денеска изјави дека и покрај тоа што не е во ингеренции на општината, бидејќи претходната локална власт го продала базенот и земјиштето на приватен инвеститор, сепак, во интерес на граѓаните се бара начин да се пушти базенот, во кој секојдневно рекреираат млади и стари, но и има и тренинзи на летните пливачки школи.

Добивај вести на вибер

– Општина Штип како институција нема ингеренции да натера некого да стопанисува и да го стави во функција базенот. Општина Штип заедно со ЈП „Исар“ ги става целосно своите ресурси и капацитети на располагање и излегува во пресрет за тој базен да профункционира оваа година. Водени од мотото да најдеме решение и да им излеземе во пресрет на граѓаните, денеска објавувам дека нудиме базенот да го наполниме со вода бесплатно. Секако тоа би го направиле во согласност со сопственикот на градскиот базен. Ние како општина подаваме рака со искрени намери да се најде решение за сите граѓани на општината да не бидат присилувани годинава да се разладуваат во други градови, рече Бочвраски.

Тој забележа дека и од страна на сопственикот на базенот и на земјиштето има добра воља да се стави во функција, затоа и се бара друго лице кое во текот на летото ќе го одржува и работи со базенот.

stip

Би можело да ве интересира

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

Горан Наумовски04/03/2026 - 10:38

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он26/02/2026 - 16:2226/02/2026 - 16:15

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Катерина Ѓуровски09/02/2026 - 14:23

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Горан Наумовски05/02/2026 - 13:33

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:54

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он08/01/2026 - 15:3708/01/2026 - 15:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен