Инвестиции до 15 милиони евра и нови вработувања – дел од планот за реорганизација за ФЕНИ

Од:

Со дополнителна инвестиција од 10 до 15 милиони евра во реконструкција на втората печка, со нејзиното рестартирање и зголемување на производствените капацитети и норми од 19.000 до 21.000 тони никел годишно, ГСОЛ, преку своето претставништво ЕуроНикел планира да го врати некогашниот статус на ФЕНИ – најголем производител на никел во Европа.

Од компанијата соопштуваат дека со рестартирање на втората печка, што е ставено како приоритет, како и користење на висококвалитетна руда и репро материјали, ќе се зголемат производните капацитети до целосна искористеност, што ќе доведе до овие придобивки. Натамошни инвестиции, зголемувањето на платите на вработените, но и на бројот на вработени, се исто така дел од планот за зголемување на производството.

– Сите овие чекори за враќање на ФЕНИ на патот кон сигурна и стабилна иднина, ќе следат по завршување на стечајниот процес, што се очекува да биде комплетиран наскоро, а од септември да почне да се реализира втората фаза од планот за стабилизација и проширување на производството, стои во соопштението.

Ваквиот план е презентиран пред Одборот на доверители и дадено е позитивно мислење. Следи,како што соопштуваат, истиот да биде прифатен и од стечајниот управник и стечајниот совет.

– Според ГСОЛ, ЕуроНикел со досегашните вложувања во ФЕНИ, повеќе од 70 милиони евра, се оправдуваат намерите што моменталниот закупец на ФЕНИ ги има. Истите се поткрепени од досега покажаниот и потврден потенцијал за раст на комбинатот, како и стручноста на вработените. Потврда за големите потенцијали на ФЕНИ, доаѓа и од фактот што многу веќе е постигнато со работа само со една печка, со што ставање во функција на втората, неминовно ќе доведе до потреба од нови вработувања и дополнителни договори со надворешни фирми, наведуваат во соопштението.

Додаваат дека дел од процесот за успешно рестартирање на ФЕНИ, ЕуроНикел го започна со договорот за закуп на кавадаречкиот комбинат со што е спречено и дополнително пропаѓање во долгови со целосна исклученост на печките и на производството.

– Од рестартирањето на ФЕНИ до сега веќе се произведени над 2.500 тони никел, има континуиран извоз, а се ангажирани и 200 локални компании кои го вршат транспортот од пристаништето во Солун и од Албанија. Оттогаш до денес увезени се над 200 илјади тони руда од рудниците на ГСОЛ во Африка, како и од Индонезија, а во план е и увоз на руда од Латинска Америка, наведуваат од компанијата.

Според нив со тоа се обезбедени доволно ресурси и технички потенцијал за континуирано перспективно производство. Во меѓувреме, наведуваат, зголемени се и платите на вработените кои вклучуваат и бонуси, од претходните просечни 23.000 денари, на 27.000 денари, со натамошен растечки тренд кој го следи порастот на производството. Од компанијата, велат дека во план се и други стимулации за вработените.

И покрај покажаниот позитивен тренд на ФЕНИ, сепак капацитетите на компанијата сѐ уште не се искористени. Затоа, планот на ГСОЛ, ЕуроНикел е постепено да се зголемува производството, да се инвестира во развојот, со цел да има стабилно и долгорочно производство, а со тоа и иднина за компанијата, за што основата веќе е поставена.

Би можело да ве интересира

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Левица: ФЕНИ ќе почне со работа на штета на вработените , бараме национализација

Предраг Петровиќ

Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Предраг Петровиќ

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

A1on

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он