Huawei не го заборавила својот предводник од крајот на минатата година Mate 10 Pro и продолжува да додава дополнителни функционалности во него.
Со последната надградба со број 8.0.0.142, која веќе може да се симне, компанијата ја додаде функцијата за отклучување со препознавање на лицето, која веќе е достапна и за моделите во серијата P20.
На почетокот на март, надградбата исто така стигна и до Mate 10 lite, но беа потребни неколку месеци за да се појави во Mate 10 Pro.
Меѓу другите промени се подобрувањата во работата на Bluetooth, оптимизација на текстот во интерфејсот во некои делови на системот, оптимизирање на функцијата VoWiFi и интегрирање на мајските „закрпи“ за безбедноста на Android.