Архиепископот Г.Г. Стефан на премиерот Заев му ја честиташе годишнината од формирањето на Владата

Од:

Архиепископот на Македoнската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), Г.Г Стефан, упати честитка до премиерот Зоран Заев, по повод годишнината од формирањето на Владата на Република Макеоднија.

Во честитката, Архиепископот на МПЦ-ОА Г.Г. Стефан, од свое име и од име на Архиерејскиот синод и свештенството во Македонија, на премиерот Заев и на Владата им посака успех во раководењето и мудрост во донесувањето на правилните одлуки, во, како што се вели во писмото „овие времиња на многу искушенија, а за доброто на сите во Република Македонија“.

Премиерот Заев, изрази благодарност и уверување дека меѓусебното разбирање, ќе донесе само добри плодови за единството и поубавата иднина на сите граѓани на Република Македонија.

„Мене како премиер, и на министрите на македонската Влада, ни претставува чест што стоите позади визиите за единствена и европска Република Македонија и со Вашата мудрост ги препознавате процесите кои носат подобар живот на сите наши граѓани“, напиша премиерот Заев во писмото до неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, Г.Г. Стефан.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски