Грција е жртва на монетарната унија и земјата има потреба да ја искористи можноста да ја напушти еврозоната, изјави чешкиот претседател Вацлав Клаус во интервју за германското списание „Капитал“.
Не треба да се зборува за механизам за спас на Грција и за утопијата на еврозоната, нагласи чешкиот претседател и додаде дека многумина, меѓу кои и тој самиот, уште одамна сфатиле дека идејата за заедничка валута на цела Европа е погрешна и опасна и оти таа ќе доведе до големи економски проблеми.
Клаус смета дека оние кои зборуваат за криза, зборуваат не за голема должничка криза на еврозоната, туку за „долга ползечка криза на европскиот и социјалниот систем и на моделот на европските интеграции“.
Тој напомена дека од една страна се зборува за предностите на европските интеграции, но од друга страна не се говори за нивните недостатоци.