Рускиот новинар раскажа како било исценирано неговото убиство во Киев

Од:

Рускиот новинар, Аркадиј Бабченко изнесе детали за тоа како било исценирано неговото убиство во Киев, наведувајќи дека користел свинска крв и шминка.

Бабченко изјави дека бил одвезен со амбулантно возило во мртовечница од местото на убиството, каде се преслекол и започнал да гледа вести.

Тој на прес-конференција рече дека можел да каже „не“ кога пред околу еден месец, украинските власти добиле идеја да го исценираат неговото убиство, но сепак, се согласил поради сопствените убедувања.

Бабченко е остар критичар на политиката на Кремљ, за кого украинската полиција во вторникот соопшти дека бил убиен. Тој  во средата се појави жив и здрав на прес-конференција за медиумите во Киев, со шефот на Службата за безбедност на Украина, која објави дека ја лажирала неговата смрт за да ги фати оние кои планирале негово убиство.

Киев во вторникот објави дека Бабченко бил убиен недалеку од неговиот стан и за неговата смрт веднаш ја обвини Русија, но од Кремљ порачаа дека смртта сигурно е последица на небезбедното опкружување во кое работат новинарите во Украина.

Руското министерство за надворшени работи соопшти дека лажната приказна за убиството на Бабченко е уште една анти-руска провокација, зад која стои украинската служба за безбедност.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте