Жерард Пике и Шакира ја објавија првата фотографија од своето бебе.
Фотографијата на својот син Милан на Твитер ја објави фудбалерот на Барселона, а на патиките се гледа неговото име.
Гордиот татко напишал под фотографијата „нозете на Милан“. Медиумите наведуваат дека Пике вчера бил пресреќен откако мајката и бебето ја напуштиле болницата каде Шакира се породила.
Малиот Милан веќе доби дрес со реден број 3 од потпретседателот на фудбласкиот клуб на Барселона.