На вториот натпревар од финалната серија во плејофот од американската професионална хокеарска лига (НХЛ) е поставен нов рекорд по број на гледачи во „Т-Мобиле“ Арената во Лас Вегас.
Мечот меѓу Вегас и Вашингтон одигран ноќеска на самото место го следеа 18.702 што е за околу 1.500 повеќе од капацитетот на арената.
Иако Вегас доби поддршка од рекорден број навивачи, сепак натпреварот заврши со победа за Вашингтон од 3:2.
Резултатот во финалната серија која се игра до четири победи сега е нерешен 1-1.