Тимотеј вели дека е лага, но не го дава писмото испратено до Вселенската патријаршија

Од:

Mитрополитот дебарско-кичевски и плаошки, владика Тимотеј во изјава за „Макфакс“ вели дека не е точно дека МПЦ побарала промена на името, но не го дава писмото испратено до Вселенската патришаршија, со обраложение дека за тоа треба да одлучува Синодот.

„Точно е дека се бараше само автокефална црква, сето друго се неточни информации“, изјави Тимотеј.

На барањето да го добиеме писмото испратено до Вселенската патријаршија, владиката Тимотеј рече дека тоа не е возможно, бидејќи за тоа требало да се одлучува на седница на Синодот.

„Која институција вам ви дава преписка? Мислам, ме разбирате. Тоа е невозможно”, вели владиката Тимотеј, додавајќи дека и во изминатите денови ги демантирале овие гласини во медиумите.

„Ромфеа“, едно од највлијателните црковни гласила во Грција објави дека Македонската православна црква (МПЦ-ОА) испратила писмо до Вселенската патријаршија преку кое бара промена на своето име. Како што е наведено, МПЦ-ОА наводно побарала ново име, кое нема да го содржи терминот Македонија, а според посоченото, МПЦ-ОА побарала свое преименување во „Охридска и на Јустинијана Прима архиепископија“.

Информацијата за испратеното писмо ја потврди и Вселенската патријаршија, која преку соопштение истакна дека освен барањето на МПЦ-ОА, писмо пристигнало и од македонскиот премиер Зоран Заев, кој побарал од Синодот на Вселенската патријаршија да ја врати МПЦ-ОА во канонскиот поредок под името Охридска архиепископија.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост

Епископот велички г. Никола нов администратор на Австралиско-новозеландската епархија, г. Петар разрешен по негово барање

Доделено црковно признание во знак на благодарност на Протореј-Ставрофор Спасе Стефановски

Горан Наумовски

Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?