„ПОЦ“ казни 162 возачи за непрописно паркирање

Од:

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ најави засилени контроли на паркиралиштата и казни за сите непрописно паркирани возила. Само во текот на вчерашниот ден биле казнети 162 возачи кои не биле прописно паркирани.

Директорот на ЈП „ПОЦ“, Васко Кичевски заeдно со надлежните служби од вчера на терен почнаа да вршат зајакнати контроли на паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието. „Екипите на ЈП ‘ПОЦ’ секојдневно ќе ги санкционираат сите непрописно паркирани возила кои ќе бидат затекнати на паркиралиштата со цел да се реши проблемот со нeправилното паркирање и сообрќајниот метеж во Општина Центар“, велат од претпријатието.

Во текот на вчерашниот ден беше извршена детална контрола во Зона 1 и Зона о1 и беа санкционирани 162 непрописно паркирани возила, а во наредниот период контролите ќе продолжат и на другите паркиралишта со кои стопанисува претпријатието.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар