„Компаративна анализа на механизми за проверка на судии во Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија“ и „Анализа и препораки за јавни политики: Законско регулирање на изборот и оценувањето на судиите“ ќе бидат презентирани денеска од Центарот за правни истражувања и анализи.
Анализите ќе бидат презентирани во рамки на проектот „Компаративна студија за искуства поврзани со процесот на избор и оценување во судството во младите демократии“, кој е поддржан од холандската Амбасада.
Воведни обраќања ќе има Лидија Стојкова Зафировска, претседател на Центар за правни истражувања и анализи, Вилем Ваутер Пломп и заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски.