Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска го пушти во употреба новото детско игралиште во населбата Злокуќани. За изградба на ова детско игралиште општината издвои околу 480 илјади денари, а проектот го изведе скопската фирмата „Ла Пласт“.
Јакимовски посочи дека ова е првото игралиште на оваа територија од вкупно три, кои се предвидени за реализација. Се работи за мал комплекс кој во себе ќе содржи спортски терени и мини – парк.
– Во исто време, локалната самоуправа ќе гради уште едни спортски терени кои ќе бидат лоцирани во близина на мостот Газела, со што ќе можат жителите од населбата Злокуќани, но и останатите граѓани од територијата на општина Карпош, во вечерните часови да се дружат, да се среќаваат и да спортуваат, изјави Јакимовски.