Штипскиот градоначалник Благој Бочварски даде отчет за половина година

Од:

Гасификацијата и изградба на брана на река Отиња се двата приоретни проекти, за кои во изминатите месеци почнати се постапките за обезбедување на документацијата, а нивната реализиација би почнала од наредната година, потенцираше денеска во својот отчет за реализираните проекти во првите шест месеци од мандатот на градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски.

– Штип е првата општина, по Куманово и Струмица, која почна со проектот за гасификација на градот и изградба на 20 километри гасоводна мрежа. Избрана е на тендер фирмата „Простор“ од Куманово, која работи на изработката на проектот, за што од буџетот се издвоени 700.000 денари плус ДДВ, вели Бочварски.

Тој во изградбата на браната на реката Отиња гледа неколку поволности за штипјани, но и можност за економски раст, со добивање на локации за изградба на куќи, викендици и објекти околу браната на река Отиња.

Видлив проект, што ќе почне со реализација во следниот период, е изградба на детска градинка во населба Сењак, што ќе биде со капацитет за 200 деца. Владата деновиве треба да ја донесе одлуката со која Штип од Бирото за рамномерен регионален развој ќе добие 16 милиони, а останатите 20 милиони денари ќе се обезбедат од буџетот.

Во својот очет Бочварски потенцираше дека деновиве стартуваше и изградбата на платформата кај Трговскиот центар со што се добиваат и дополнителни 50 паркинг места, а исто така најави дека како општина можат во секој момент да издадат и градежна дозвола за изградба на нова платформа кај спортскиот центар „Џексон“.

Посочи дека преку дебата донесена е одлуката за решението за сообраќајниот режим низ централното гардско подрачје, со што во тек е ревизија на проектот за изградба на тротоарите на конзоли над реката Отиња, а притоа и ќе се внимава и на зеленилото. Со реализацијата на ова решение во Штип ќе се среди сообраќајниот хаос во централното градско подрачје.

Мостот на реката Брегалница, што е дел од новата обиколница од населбата Сењак до булеварот Гоце Делчев, ќе се постави деновиве, а во меѓувреме се работи и на втората фаза, за изградба на сообраќајница и кружен тек на булаварот, кај поранешната фабрика Алумина.

Бочварски во отчетот ги пофали и двете јавни претпријатија, што во изминатите шест месеци работеле домаќински, само комуналното јавно перетпријатие „Исар“ заштедило 3.700.000 денари. Преку мапа беа претставени и реконструкциите и изградбата на нови улици, тротоари, водоводни и канализациони мрежи. Забележа дека во изманатиот период Штип беше град на неколку централни манифестации во земјава, а за граѓаните на почетокот на годината имаше и намалување на цената на водата за пет проценти.

Би можело да ве интересира

Штипско културно лето започнува на 24 јуни

А1он

Утре ќе биде изменет сообраќајниот режим на експресниот пат Штип – Кочани

(ВИДЕО) Детали за убиството во Штип: Убиецот ја викнал жртвата за да се смират, пиштолот го купил во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

Почина студентот од Турција кој беше застрелан синоќа во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се трага по напаѓачот од штипското кафуле кој и побегна на полицијата кај Миладиновци

Катерина Ѓуровски