Во Штип презентиран проектот „We make“- Женско претприемништво за конкурентност

Од:

Само 30 отсто од претприемачите се жени покажува статистиката, а се занимаваат и пројавуваат интерес, пред се, за услужните дејности. Токму поради малиот процент на жени во бизнисот, Здружението на Бизнис жени работи на проект со кој ќе се придонесе во економското јакнење на жените претприемачи, создавање на Кластер и искористување на ИТ технологијата.

Проектот „We Make“ – Женско претприемништво за конкурентност, денеска беше презентирано во Штип, а се реализира од страна на Здружението на Бизнис жени на Република Македонија и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска.

Претседателката на Здружението на Бизнис жени, Валентина Дисоска истакна дека предвидено е во обуките да се опафат средношколки и студентки, потоа млади жени претприемачи и оние кои имаат желба да станат претприемачи.

– Следната фаза ни е развојот на кластерот, кој што ќе го работиме со жени кои веќе се етаблирани претприемачки, кои веќе работат одреден број на години и имаат веќе свое производство или пак имаат свои услуги. Преку кластерот ќе работиме на развој на компаниите кон правец на извоз. Значи ќе ги собереме, ќе ги едуцираме и притоа ќе ги поврземе со Кластерот, кој што е во Хрватска, вели Дисоска.

Таа забележа дека на крајот на овој проект, кој треба да заврши наредната година ќе се изработи веб-портал, кој ќе се нарекува „We Make“, на кој што жените претприемачки ќе можат да се претстават, да ги пласираат своите производи. Инаку, овој проект е финасиран од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Притворен е раководител на образовен центар во Штип, допираше по телото ученички

Горан Наумовски

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан во Штип

ВИДЕО: Вандализирано најголемото штипско училиште „Ванчо Прќе“, наставата прекината

Катерина Ѓуровски