Ѕанакопулос: Оптимист сум дека може да стигнеме до договор

Од:

Министрите за надворешни работи направија особено голем напредок, би можеле да кажеме дека се наоѓаме во финална линија, но никој не може да го предвиди исходот во толку сложени преговори, и покрај тоа јас и понатаму сум многу оптимист и ги очекуваме следните потези и следната фаза од преговорите, вели портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос во интервју за државната телевизија ЕРТ.

Ѕанакопулос рече дека е потребна трпеливост и изрази оптимизам за решение.

– Се надеваме и оптимисти сме дека ќе успееме да го постигнеме договорот на кој работиме веќе толку долго време. Сепак, сакам да сме трпеливи, треба да бидеме трпеливи. И токму тоа го правиме. Не е важно да имаме договор, важно да имаме добар договор, рече Ѕанакопулос и додаде дека по преговорите на шефовите на двете дипломатии, многу работи се затворени, „но во еден толку сложен процес како што се преговорите за името ако не се договори сѐ, не е ништо договорено“.

Во однос на шпекулациите во медиумите дека на преговарачката маса се наоѓа и ново име Ѕанакопулос индиректно ги демантираше овие информации, велејќи дека разговорите се водат врз база на предлозите на Нимиц и „таа е рамката што постои за време на преговорите“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ѕанакопулос избегна да ги коментира конкретните детали од преговорите и точките на евентуалниот договор, прашан околу тоа дали јазикот и идентитетот би останале македонски. Но, уште еднаш повтори дека предуслов за Грција е новото име да биде и за надворешна и за внатрешна употреба.

– Во 1944 грчката влада ја призна малата држава на Република Македонија, што беше дел од тогашната обединета Југославија. Во 1977 со потези и пропусти од тогашната влада на Караманлис беше признаен македонскиот јазик. Според тоа, она што треба да го разбереме во оваа фаза е дека со факт што постојат 140 земји, меѓу кои САД, Кина, Индија, Русија, што ја признаваат нашата северна соседна земја под уставното име, ние се стремиме кон договор што во реалноста ќе ги постави работите во нивната точна димензија. Се стремиме кон сложено име што ќе важи за сите, кое ќе биде и во Уставот на соседната земја. Ова е политичката цел, рече Ѕанакопулос.

Прашан за евентуална средба на премиерите на двете земји во Преспа, портпаролот на грчката Влада објасни дека преговорите се во тек и не треба да се избрзува со изјави.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција