Финска „Демократија“ за случувањата на 24-ти Декември

Од:

Финскиот весник „Демократија“ се осврнува на случувањата во Собранието на 24 Декември кога власта насилно и брутално ја исфрли опозицијата од Собранието и потенцира дека вработувања во администрацијата се можни само со партиска книшка од владејачките партии

Во пишувањето на весникот се опишува ескалирањето на ситуацијата во Собранието и пред него при намерата на Владата да го донесе буџетот без притоа да бидат разгледани амандманите на опозицијата и без да се почитуваат процедурите на собранието и сето ова во очи на Католички Божиќ.
finski-vesnik
„Опозицијата се спротивстави на плановите на повторно задолжување од 200-300 милиони евра од Светска Банка и предложи да се штеди за сметка на непродуктивните трошења. Според опозицијата, владата потрошила повеќе од 350 милиони евра во проектот Скопје 2014 и трошела многу пари на рекламни кампањи во медиумите“, се вели во текстот каде авторката Каја Корхонен објаснува како владата организирала контра протести и како полицијата спречувала двете групи да се конфронтираат, споменувајќи го бројот на повредени граѓани од тој ден.

Во текстот е цитирана и изјавата на претседателот на СДСМ и опозициски лидер, Бранко Црвенковски за тоа како Република Македонија и оваа влада се единствените во светот за кои опозицијата е крива за сите негативни трендови во општеството и како за тоа се организираат протести пред седиштето на најголемата опозициона партија СДСМ.

Во текстот понатаму се објаснува што всушност претставува проектот Скопје 2014, за неговата моноетничност и како властите ги трошат парите на граѓаните за неесенцијални проекти во услови на многу слаба економија.

Во последните неколку години, пишува весникот, владата го зголеми државниот долг со цел да го одржува системот на клиентелизам. Членството во владејачката партија е услов да се добие работа во јавната администрација, а за возврат партијата ја добива поддршката. Како што економската ситуација се влошува, постои опасност од губење на ресурсите за одржување на системот на клиентелизам.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски

Протест во Загреб против опасниот отпад во Госпиќ: Граѓаните бараат итна санација

Горан Наумовски

Протест на македонските транспортери: „Вака повеќе не може“, бараат решение од ЕУ

Горан Наумовски