Намалената побарувача ги преполови откупните цени на струмичките домати

Од:

По неколку недели високи откупни цени, од денеска струмичките домати и краставици се откупуваат по преполовени цени во споредба со изминатите денови.

И градинарите и откупувачите го потрдуваат трендот на опаѓање на откупните цени. Според земјоделците овие цени се далеку од тие што не им се исплатливи на производителите.

– Цените паднаа, но не многу и на некој начин се нормални за овој период. Доматите, кои изминатите денови се откупуваа и до 50 денари за килограм, од денеска се преземаат од трговците од 20 до 25 денари за килограм. Краставиците се откупуваат по цена од 20 до 25 денари, а пиперките 40 денари за килограм, изјави Коце Божиков, земјоделец од село Дабиле.

Според него, причина за тоа е намалената побарувачка од пазарите, каде досега се извезуваше, како што е во Бугарија, Украина, Романија и сите поранешни југословенски републики, како и во Чешка, Словачка и Полска.

И трговците потврдуваат дека има тренд на опаѓање на откупните цени на раноградинарските производи, посебно на доматите.

– Причината за намалувањето на откупните цени на нашите раноградинарски производи е што во земјите каде извезуваме се појави нивно производство. Таков е случајот со пазарите во Чешка, Словачка и Полска, вели Ацо Стоилков, од компанијата “Мак смоларски ној“.

Според него, на намалените откупни цени влијае и континуираниот увоз на домати од Албанија.

Тамошните домати имаат пониска производствена цена поради поблагата клима и албанското производство стасува неколку недели пред македонското.

Би можело да ве интересира

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади