Средба меѓу Абе и Трамп пред Самитот САД – Северна Кореја

Од:

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе во денешниот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп се договорија да се сретнат пред 12 јуни, пред самитот меѓу Вашингтон и Пјонгјанг.

– Се договоривме заеднички да дејствуваме, со цел подготвителната средба на високо ниво меѓу САД и Северна Кореја да биде исполнета со смисла, истакна Абе.

Тој додаде дека „по секоја цена“ треба да биде решено прашањето со киднапиранитре јапонски граѓани од страна на севернокорејските разузнавачи.

Претходно, јапонската новинска агениција Кјодо објави дека Абе ќе претстојува во САД на 6 и 7 јуни, додека на 8 и 9 јуни тој ќе учествува на на Самитот на Г-7 во Канада.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски