И натаму зголемена побарувачката за струмичките домати и краставици

Од:

Доматите, пиперките, краставиците и пролетната зелка продолжуваат да се извезуваат во Бугарија, Украина, Романија и сите поранешни југословенски републики. Производителите не го кријат задоволството од големиот интерес на трговците за раноградинарските производи.

– Доматите се откупуваат за 40-50 денари за килограм, краставиците 30-40 денари, пиперките 40-50 денари и пролетната зелка се откупува по 20-25 денари за килограм. Не радува што продолжува трендот на високи откупни цени и се надеваме дека ова ќе биде една од најуспешните производствени сезони, вели Ванчо Митев од земјоделското здружение „Еко градинар“ од село Добрејци.

Тој информира дека обилните врнежи ќе го намалат родот на краставиците зашто на одредени локации предизвикуваат појава на болеста „пламеница“.

Претставници на земјоделските здруженија, исто така, информираат дека во најголем дел се исплатени субвенциите за откупениот тутун од ланската реколта. Тоа, според нив, е направено во вистинско време кога средствата од субвенциите им се најпотребни на производителите.

Би можело да ве интересира

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади