Трибина на тема „Предизвиците во третманот на најчестиот карцином – ракот на кожата“, ќе се одржи денеска на Медицинскиот факултет во Скопје, во организација на Министерството за здравство и Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија.
На трибината, како што е најавено, ќе се обратат министерот за здравство Венко Филипче и директорката на Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија, д-р Софија Пејкова, а ќе учествуваат доктори од неколку клиники и институти.
Мај е месец за подигнување на јавната свест за заштита од ракот на кожа. Карциномот на кожата ако се открие навреме, третманот може да биде успешен. Може најлесно да се превенира, а неговата појава може да се спречи со менување на навиките и избегнување на директна изложеност на Сонце, порачуваат докторите.