Лидерите на Северна и Јужна Кореја, Ким Џонг-ун и Мун Џае-ин денеска се сретнаа во пограничниот град во демилитаризираната зона помеѓу двете земји.
На вториот состанок помеѓу лидерите на двете Кореји се разговараше за постигнатите мировни обврски и евентуалниот состанок помеѓу Ким и американскиот претседател Доналд Трамп.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп го откажа самитот со свернокорејскиот лидер планиран за 12 јуни за Сингапур, наведувајќи дека причина за тоа е силниот гнев и отвореното непријателство во соопштенијата на Северна Кореја.
Трамп сепак остави можност за нов состанок, наведувајќи дека очекува Ким повторно да започне конструктивен дијалог.