Очилата наречени „визир за приватност“ кои ги збунуваат безбедносните камери, се направени во Јапонија.
Прототипот на очилата го дизајнирале научници од Токискиот национален институт за информатика. Тие имаат вграден извор на инфрацрвена светлина, кој го збунува софтверот, а кој не е опасен за очите. Безбедносните служби, продавниците и социјалните мрежи се почесто се служат со софтвер за препознавање ликови.
Професорот на токискиот институт Исао Ечизен истакна дека со напредокот на оваа технологија на интернет страниците како што се Гугл, Фејсбук и слични, има потреба од основни мерки против нарушување на приватноста, која ја претставуваат тајно снимените фотографии или оние на кои некој е снимен ненамерно.
Ечизен нагласи дека очилата, кои се поврзани со џебна единица за напојување, ќе се продаваат по пристапна цена.