Џафери: Груевски е во психолошка криза поради судските процеси

Од:

Претседателот на Собранието на РМ, Талат Џафери, во интервју за српската Н1 телевизиja запрашан за неговиот личен однос со експремиерот Никола Груевски изјави дека против него нема ништо лично, а нападот на седницата на која се изгласуваше законот за употреба на јазиците е поради психолошката криза во која се наоѓа Груевски поради судските процеси за кривични дела кои се водат против него.

– Јавните личности се сами одговорни за нивното однесување во јавноста. Нападот е одраз на психолошка криза со оглед на тоа дека многу процеси за кривични дела се водат против него, како и неговата смена од претседателската функција во партијата. Сето тоа беше причина за во дадениот момент тој да не може да се исконтролира себе, рече Џафери.

Би можело да ве интересира

Попов: Мадинската невработеност, е една од главните причини поради кои младите ја напуштаат државата и подоцна формираат семејства

Власта е спремна да го прифати барањето за седница на Постојаната анкетна комисија

Пратенички прашања во законодавниот дом

(ВИДЕО) Пратениците од опозицијата ја пробија оградата пред Парламентот на Србија

Горан Наумовски

Петти ден амандманска расправа по Предлог буџетот за 2026 година

Почнува комисиската амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година