По шест часа разговори заврши средбата помеѓу Димитров и Коѕијас

Од:

По шест часа разговори зад затворени врати во седиштето на ОН во Њујорк, предмалку заврши средбата на министерите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со личниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц, соопштија од македонското МНР од Њујорк.

Средбата продолжува утре претпладне по њујоршко време или 15.30 часот по македонско време, а по завршување на утрешната рунда се очекува некој или сите учесници во процесот да дадат изјави за тоа дали е направен некаков исчекор во преговорите.

Во пресрет на новата рунда разговори во Њујорк, Димитров и Коѕијас одржаа посебни средби со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на кои се разговарало за последните случувања од разговорите за надминување на разликата околу името што се одвиваат под покровителство на Светската организација.

– Со визија и лидерство на двете страни имаме историска шанса да затвориме еден повеќедецениски, историски спор, порача Димитров по средбата со Гутереш.

Грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас, пак, по средбата со генералниот секретар на ОН, во пресрет на денешната нова рунда разговори со неговиот македонски колега и медијаторот Нимиц, изјави дека решенија се решенијата со компромис, другата страна да има прагматизам и реализам за да најде решение.

Прашан дали од Нимиц очекува да достави синтетичен предлог од сето она што го доставиле двете страни, Коѕијас вели дека Грција го сторила тоа, но останува отворено прашањето со името.

– Од Нимиц ја очекуваме неговата мудрост за време на преговорите, вели шефот на грчката дипломатија и објаснува дека преговорите се поделени на два дела, оние меѓу министрите за надворешни работи кои разговараат за централните политички прашања и меѓу техничките групи.

Средбата во Њујорк следи по минатонеделните разговори на премиерите на двете земји Зоран Заев и Алексис Ципрас на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија на кои опцијата Република Илинденска Македонија беше издвоена како најприфатлива. Македонската страна пред средбата во Њујорк изјави дека останува на ставот дека тоа е добар предлог за конечно решение, додека грчката го отфрли предлогот и нагласи дека преговараат врз основа на четирите имиња од пакетот – предлози од Нимиц.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната