Честитка од Мицкоски по повод 24 Мај

Од:

„Ова е ден кога се потсетуваме на големината на Браќата Свети Кирил и Методиј. Ние треба да бидеме среќни и горди како народ, бидејќи Кирил и Методиј со своето делување и работење овозможија поголема рамноправност на народите во своето време.

Во исто време не треба да заборавиме како горди наследници на секој начин да ја продолжиме нивната мисија образованието да ни биде приоритет, а ширењето на писменоста стремеж кон кој мора да целиме.

Како народ треба да се стремиме и создадеме општеството кое почива врз вредностите кои ни ги оставија светите Браќа Кирил и Методиј.

Делото на светите браќа Кирил и Методиј е воедно и потврда за македонскиот јазик, за македонската литература и култура, црква и традиција, револуција и историја, за македонското име и идентитет.

Кирил и Методиј , веруваа во правото на секој народ да го користи својот јазик, а врз основа на тоа да го гради својот идентитет, литература и култура.

Нека ни е честит Денот и Големото дело на светите Кирил и Методиј кое нè обврзува да продолжиме да ги промовираме нивната мисија на учење и традицијата која се темели на мирот, духовното богатство на луѓето, меѓусебното почитување, толеранцијата и солидарноста“, се вели во честитката на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски