Димитров на средба со Гутереш: Имаме историска шанса да затвориме еден повеќедецениски, историски спор

Од:

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес во Њујорк, оствари средба со Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.

На средбата се разговараше за последните случувања од разговорите за надминување на разликата околу името што се одвиваат под покровителство на ООН.

„Со визија и лидерство на двете страни имаме историска шанса да затвориме еден повеќедецениски, историски спор”, изјави Димитров.

Тој во седиштето на ООН во Њујорк имаше средба и со Розмари А. Дикарло, Потсекретар за политички прашања во ОН, на која беше реафирмирана посветеноста на Република Македонија кон европските и евро-атлантските интеграции

„Созревањето на Република Македонија и решителноста за градење европска демократија е вистинска шанса за демократски пробив во Европа“, рече Димитров.

Би можело да ве интересира

Гутереш: Ако Израел ги прекине врските со УНРВА, ќе мора сам да ги задоволи потребите на бегалците

Гутереш во Казан повика на прекин на огнот во Газа, Украина и Судан

Северна Кореја: Гутереш применува „двојни стандарди“

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Гутереш: Смртта на заложниците не потсетува на важноста да се стави крај на кошмарот во Газа

Горан Наумовски

Гутереш ги повика Израел и Хамас да постигнат договор за прекин на огнот во Газа