Ципрас: Јасно кажавме дека преговараме врз основа четирите имиња предложени од Нимиц

Од:

Ние јасно изјавивме дека преговараме врз основа на четирите имиња предложени од ОН, конкретно пакетот предлози од Нимиц, рече Алексис Ципрас од грчкиот Парламент, одговарајќи на критиките упатени од лидерот на опозициската Нова демократија, Киријакос Мицотакис, во врска со името „Република Илинденска Македонија“.

Грчкиот премиер, како што јави дописничката на МИА од Атина, на Мицотакис му возврати дека владата јасно и навремено излегла со став, а лично тој се стремел кон што е можно побрзо информирање.

– Од Софија, пред да се вратам, во моите изјави на прес конференцијата реков дека, и покрај напредокот, уште имаме пат да поминеме за да имаме договор, но и дека приоритет за нас, за грчката страна, е обезбедување на ерга омнес и уставна ревизија и како што видовте за ова прашање имавме важен напредок. Господинот Заев е првиот премиер од соседот што јавно ја прифати оваа перспектива за сложено име, ерга омнес со уставна ревизија. Ова го немате до сега видено во период кога вашата партија се наоѓаше во влади што преговараа, како што и немаме досега видено да се врши толку голем притисок врз извршната опозиција на соседната земја, рече грчкиот премиер и додаде дека нема дополнително да говори за суштината на преговорите бидејќи утре ќе се одржи нова средба на министрите за надворешни работи на двете земји со медијаторот Нимиц.

Претходно, претседателот на Нова демократија, побара од грчкиот премиер јасно да каже дали го отфрлил предлогот за „Република Илинденска Македонија“ или „сѐ уште тајно се разговара за тоа“.

И покрај тоа што во денешната расправа во грчкиот Парламент главна тема е економијата, сепак, не изостана и прашањето за името, во говорите на лидерите на политичките партии.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Грција: Мајка ја претепа бремената ќерка, девојката доживеа спонтант абортус

Црвена тревога е прогласена за неколку региони во Грција

Грција нема да го екстрадира Аце Циганот за убиството пред 28 години

Катерина Ѓуровски

Поради сообраќајна несреќа сообраќајот од Битола кон границата со Грција се пренасочува преку селата Бистрица и Породин

Грција и Украина потпишаа енергетски договор за испорака на американски течен гас во Киев

Зеленски: Украина ќе увезува гас од Грција за зимски потреби