Ослободителна пресуда за поранешниот директор на штипски „Исар“

Од:

Судечкиот совет од Основниот суд во Штип денеска му изрече ослободителна пресуд на поранешниот директор на ЈП „Исар“-Штип, Ангел Бојаџиев, кој беше обвинет за изборен поткуп за време на Локалните избори 2017 година. Неговиот адвокат Марјан Михов вели дека обвинението било темелено само на вербални докази.

– Обвинението беше дека вршел притисок, дека нудел вработувања, нудел различни бенефиции за да се гласа за ВМРО-ДПМНЕ, но сето тоа беа вербални докази и не беа поткрепени со ниту еден доказ, имаше и контрадикторни изјави. Судот го утврди тоа во текот на постапката и денеска беше ослободен од обвинение, вели Михов.

Според Бојаџиев се пуштаат обвиненија коишто не се издржани и се оцрнуваат луѓе кои не се осудени.

– Секоја пуштена кривична пријава има своја тежина, меѓутоа таа треба да се докаже, вели Бојаџиев.

Инаку, кривичното дело за изборен поткуп е едно од најтешките, а затворската казна за оние кои би биле прогласени за виновни би била од четири до 20 години.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“