ТК „Македонка“ ја загади водата на Брегалница пред еден месец

Од:

Затнување на еден од каналите за отпадна вода од поранешниот текстилен комбинат „Македонка“ е причина за загадувањето на Брегалница што се случи кон крајот на април.

Општинскиот инспектор за животна средина, Сенка Андреева вели дека според нивните анализи и анализите на Државниот инспекторат за животна средина настанала еколошка хаварија, со што од каналот излезе отпадна вода во различни бои и директно овие тешки хемикалии, кои се користат за боење на текстил се испуштија во реката. Општинските и државните инспектори за животна средина извршиле контрола на фирмите сместени не само во кругот на „Македонка“, туку и во ТИР зоната. Кај три фирми што се занимаваат со боење ткаенини откриени се технички пропусти.

– Постојат виновници, а не можеш да кажеш, токму тој е, затоа што верувајте дека постојат повеќе инсталации кои влегуваат во една канализациска мрежа, вели Андреева.

Фирмите во кои се утврдени технички пропусти даден им е рок да ги отстранат, во спротивно им се заканува казна од шест до 20 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“