Денковски: Приоритети – екипирање и обединување на сите стоматолози

Од:

Екипирање и обединување на сите стоматолози, односно од сите бранши – специјалисти, општи, примарни, концесионери за да можеме да настапиме заеднички пред институциите што се одговорни за решавање на нашите проблеми, ќе бидат почетните приоритети, изјави за МИА, новоизбраниот претседател на Стоматолошката комора на Македонија, д-р Маријан Денковски.

Тој посочи дека имаат проблеми со законите за здравствена заштита, за здравствено осигурување и со Фондот за здравство, кои треба да се решаваат.

– Но, покрај тоа што проблемите ги знаеме, имаме и решенија кои ќе ги предложиме, така што сметаме на подобар ефект отколку што беше досега. Се надеваме на нешто подобро, но сепак ќе треба малку време, додаде Денковски.

Тој е избран за претседател на Стоматолошката комора на вчера одржаното Изборно собрание на кое за него гласале мнозинство од 47 присутни делегати.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Безболно на стоматолог за пациентите нетолерантни на болка

Прва безболна имплантација на заби во Клиника Жан Митрев

3Д технологија за индивидуално решение за секој пациент – нов стоматолошки оддел во Клиниката Жан Митрев

Клиника Жан Митрев се проширува со оддел стоматологија и нови услуги во центарот за естетска дерматологија

Приватните стоматолози бараат од Владата директна финансиска помош и ослободување од фискални и парафискални трошоци

Ана Ололовска

Ставен во мирување најавениот штрајк на приватните стоматолози