Презентирани ефектите и препораките од проектот „Со читање до лидерство“

Од:

Училиштата да предвидат катчиња за читање и време за читање во текот на секој училишен ден, а наставниците секојдневно да поттикнуваат дискусија и да го развиваат критичкото мислење со цел да се зголеми разбирањето на содржината кај учениците.

Ова е една од препораките на петгодишниот проект на УСАИД „Со читање до лидерство“, спроведен од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ – Македонија што беа презентирани денеска на конференцијата по повод завршувањето со негова имплементација. Целта да ја процени и подобри раната јазична и математичка писменост, да ги подобри педагошките вештини на наставниците и да ја информира целата јавност како вештините по читање и математика придонесуваат за интелектуалниот развој на учениците.

Заменик министерот за образивание и наука Арбр Адеми истакна дека развојот на образованието е еден од врвните приоритети на актуелната Влада, а анализите што се направени во рамки на овој проект се од исклучителна важност.

– Овие анализи ни покажуваат каква е сегашната состојба со јазичната и математичката писменост кај учениците од почетните одделенија, а препораките што се изготвени во рамки на проектот ни даваат насоки како да го подобриме читањето со разбирање и основните математички вештини за да го подобриме квалитетот на образованието, рече Адеми.

Тој изрази задоволство што преку Фондацијата „Чекор по чекор“ беа испечатени сликовници на македонски и албански јазик, прилагодени на возраста и интересите на учениците од почетните одделенија кои беа распределени во сите централни и подрачни училишта низ целата земја, за кои што смета дека ќе им бидат од голема корист и на идните генерации ученици.

– Упатувам апел до сите наставници како крајни имплементатори, да продолжат да ги применуваат сите инструменти, техники, активности и материјали изработени во текот на проектот со цел да ги зголемуваат јазичните и математичките вештини на учениците од најрана возраст. Затоа треба да работиме заедно партнерски со граѓанските организации, училиштата и родителите нашите деца навистина да станат лидери во новиот свет, истакна Адеми.

На настанот се обратати и претставникот на УСАИД во Македонија Дејвид Атебери.

– Завршувањето на овој проект не значи дека завршува и нашата работа. Останува многу да се направи за Македонија да обезбеди квалитетно образование за секое дете. Но посветеноста, упорноста и ентузијазмот, кој лично го посведочив на настаните на овој проект ми дава надеж дека знаете што треба да се промени за да се постигне целта, и ќе продолжите со придонесот за таа цел, рече Артебери.

Проектот понуди иновативни пристапи и активности, како што се Библиотека на тркала и збирка ресурси за учење во печатена и дигитална форма. Со него, меѓу другото, беа спроведени пет студии со опфат на 15.000 ученици за проценка за проценка на јазична и математичка писменост преку алатките развиени од страна на УСАИД, формирани се заедници за учење за развивање „култура на учење“, а изготвени се и два прирачника за јазична и математичка писменост кои се достапни за наставниците на веб страницата на фондацијата „Чекор по чекор“.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот Ибраими се пофали дека арачиновци плаќаат данок: Општината веќе не е „црна овца“

Александар Тодески

Граничниот премин Ќафасан ни го опремуваат Американците, со донација и техничка помош

Жарко Настоски

Промовиран Порталот за отворено владино партнерство

Дополнителна поддршка од 15.929.675 долари од УСАИД

А1он

САД би можеле да ја укинат цела помош за БиХ

(ВИДЕО) Николовски: Креираме развојни политики за млекопроизводството